Хлорирана вода и дефекти при раѓањето Print
Written by Administrator   
Friday, 22 July 2011 11:59
Хлорирана вода и дефекти при раѓањето
Владата на Велика Британија нарачала независна студија за употребата на вода за пиење која содржела големо количество на хлор, поради стравот дека истата предизвикува Spina bifida и спонтани абортуси. 

Една Норвешка студија спроведена на 141 000 новороденчиња за период од три години покажала дека постои 14% зголемен ризик за вродени дефекти во места каде се користи хлорирана вода. Научниците веќе пронашле врска помеѓу хлорот и зголемениот ризик на заболување од рак на утробата, бубрезите и бешиката, но, ова било првпат да биде пронајдена поврзаност со повисоки форми на Spina bifidа.
Докторите во Норвешка, Канада и САД објавиле наоди за вродени дефекти кај деца во области каде за прочистување на водата бил користен хлорот, во споредба со наоди за непостоење на такви дефекти на места каде за прочистување биле користени други методи. Експертите од британската индустрија за вода сеуште ги немаат оспорено овие наоди.

Д-р Пер Магнус, координаторот на норвешкото истражување рече: „Ова се многу важни наоди бидејќи ние знаеме за постоењето на хемикалии кои настануваат како резултат на присуството на хлорот врз органските партикули за време на процесот и ги набљудувавме мутациите кај овие хемикалии за кои изгледа дека се поврзани кај мутациите кои се јавуваат кај бебињата. Констатирано е дека фамилиите од Норвешка кај кои се спроведувало истражувањето ја филтрирале водата од чешма со популарниот метод - користење на вреќички со корален песок од фјордовите ставен во водата пред да биде испиена, со што хлорот од водата исчезнувал за 15 минути. На Универзитетот Далхауси, во Нова Шкотија во Канада, научниците пронашле дека високите нивоа на трихалометаните, соединенија кои се ко-продукти на хлорот од водата за пиење значително го зголемиле ризикот за раѓање мртвородени.

Хлорот спаѓа во истата хемиска група со флуорот, кој се поврзува со појавата на рак и остеопороза. Тој исто така се поврзува и со зголемениот крвен притисок и зголемената појава на проблеми со тироидната жлезда. Џон Фавел, специјалист за квалитет на вода рече: „Луѓето кои ја направија оваа работа во Норвешка и САД се познати научници со висок углед“.