Што е SPINA BIFIDA? PDF Print E-mail
Written by Administrator   
Friday, 22 July 2011 11:58
Што е SPINA BIFIDA?
Употребата на вода за пиење која содржи големо количество на хлор може да предизвика спонтани абортуси и Spina bifida. 

Spina bifida е дефект на невралната цевка (пореметување каде доаѓа до некомплетен развој на мозокот, ’рбетниот мозок и/или нивните заштитни обвивки) предизвикан од неуспешното затварање на ’рбетниот столб кај фетусот за време на првиот месец на бременост. Новороденчињата родени со Spina bifida понекогаш имаат отворени лезии на ’рбетниот столб, каде се појавува значителна штета на нервите и ’рбетниот мозок. Иако отворот на ’рбетниот столб може да се санира по хируршки пат веднаш по раѓањето, сепак оштетувањето на нервите има постојан карактер и резултира со различни степени на парализа на долните екстремитети.

Дури и кога нема лезија, сепак може да има лошо формирани ’рбетни прешлени или пак нивно отсуство пропратени со оштетување на нервите. Во прилог на проблемите со движењето, некои индивидуи имаат проблеми со неспособност за учење. Spina bifida исто така може да предизвика компликации со бешиката и многу деца со заболени од оваа болест страдаат од хидроцефалус (претерано насобирање на церебро­спинална течност во мозокот).
 

Корална вода

_1

 


Каде да се најде?

ramstore

tinex

Vero



Важност на водата

gratis_15

 

Портпароли за Vivatap®

 

Сведоштва

 

emblem-analyser

 

twitter-icon facebook-icon