Вода за здраво срце? Print
Written by Administrator   
Friday, 22 July 2011 11:57
Вода за здраво срце ?
Научниците од Универзитетот Лома Линда во Кали­форнија заклучиле дека луѓето кои пијат најмалку 5 чаши вода дневно имаат најмали шанси да настрадаат од срцев удар во однос на оние кои пијат две или помалку чаши дневно.

Резултатите од ова истражување се базираат на податоците кои се собирале уште од 1976, со набљудување на 8280 мажи и 12017 жени постари од 38 години. Сите учесници на ова истражување спроведено од страна на д-р Жаклин Чен биле набљудувани во текот на шест години и го забележувала процентот на срцеви заболувања. Со текот на времето, 246 луѓе починале од срцеви заболувања.

За жените кои пиеле повеќе од пет чаши вода дневно, шансите за појава на срцеви заболувања била за 41% понизок, додека мажите кои ја пиеле истата количина вода го намалиле ризикот од срцев удар за цели 54%.

Овие резултати д-р Чен ги објаснува со фактот дека внесувањето на поголема количина на вода го намалува ризикот за создавање на крвни чепови, кои можат да предизвикаат срцев удар.
За разлика од алкохолот и аспиринот кои исто така го намалуваат ризикот од срцев удар, а можат да предизвикаат други здравствени проблеми, Чен нагласува дека водата е евтина и безопасна.Нејзиниот заклучок е: „Водата може да Ви направи само добро“.