Повеќе за водата Print
Written by Administrator   
Friday, 22 July 2011 12:07
Повеќе за водата

Според Светската Здравствена Организација-СЗО, само 1% од светските резерви на свежа вода се достапни за користење.

ФАКТИ!
• 70% од површината на земјата е вода
• Загадувањето и другите фактори го намалуваат пристапот за 2/3
• 1,1 милијарда луѓе (1/6 од светската популација) немаат пристап до квалитетна вода за пиење
• Иако изворите на површинска слатка вода како што се реките и езерата содржат само околу 1/700-ти дел од еден процент од целокупната вода, сепак тие се извор на најголем дел од водата што ја користат луѓето
• Кога врнежите се инфилтрираат во подповршинската почва, тие формираат:
• Незаситена зона - (горниот дел е т.н Почвена зона, чија вода ја користат растенијата)
• Заситена зона - во која водата целосно ги исполнува празнините помеѓу карпите и почвените честички. Луѓето копаат бунари во оваа зона за да испумпуваат вода. Терминот подземна вода се користи за да се опише оваа површина. Друг термин е “Водоносен карпест слој - Аквифер”

АЛАРМНО!!!
• Од вкупно 877 милиони луѓе во СЗО/Европски регион, речиси 140 милиони (16%) немаат достава на безбедна вода за пиење во своите домаќинства, додека 41 милион (5%) немаат пристап до безбедна вода за пиење.
• Генералното Собрание на ОН во Декември 2003 год., донесе одлука декадата 2005-2015 да се нарече Интернационална декада за акција “Вода за живот”.
• 4-тиот Светски Форум за води - Мексико, Март, 2006 година.Користењето на водите се зголеми за 6 пати во 20-ти век, 2 пати повеќе од стапката на пораст на населението и 1,1 милијарда луѓе сеуште немаат пристап до соодветно снабдување со вода за пиење.

Дијареа од небезбедна вода
- 4 милијарди случаи/годишно, 1,8 милиони мртви
- Најмногу умрени се деца под 5 години
- 15% од умрените под 5 години се во земјите во развој

Човечки активности
- Истекувања во земјоделството
- Градски истекувања
- Емисии и испуштања од индустријата 
- Отпадни води и отстранување на отпадот
- Процеси на третман на водата

До 2025 година: 40% од светската популација ќе живее во области на воден стрес.
До 2050 година: 25% од светската популација ќе живее во области на воден недостаток.
Водата е неопходна за целокупниот социо-економски развој. Потребите за чиста вода за пиење се зголемиле два пати како што се зголемувала популацијата последниве децении.

“Водата и санитацијата се едни од примарните движечки сили на јавното здравје. Јас често го реферирам тоа како “Здравје 101”, што значи дека еднаш кога ние ќе можеме да обезбедиме пристап до безбедна вода и соодветни објекти за санитација за сите луѓе, без разлика на нивните услови за живеење, големата битка против сите видови заболувања ќе биде добиена”.
Dr Lee Jong-wook, Генерален Директор, СЗО


• 1,8 милиони луѓе умираат секоја година од дијареални болести (вклучително колера); 90% се деца под 5 годишна возраст, најмногу во земјите во развој.
• 88% од дијареалните болести се заради небезбедно снабдување со вода за пиење, несоодветна санитација и хигиена.
• 133 милиони луѓе страдаат од инфекции со силен интензитет од цревни хелминти, што често води до остри последици како што се когнитивни оштетувања, масивна дизентерија, или анемија.
• Овие заболувања предизвикуваат околу 9400 смртни исходи секоја година.
• Секоја година се јавуваат 1,5 милиони случаи на клинички хепатитис А.
• Развојот на ресурси за вода продолжува со забрзана стапка за да се задоволат потребите за храна, влакна и енергија на 8 милијарди население во светот до 2025 година.
• Недостатокот од капацитети за процена на здравствено-еколошкиот ризик ги пренесува скриените трошоци на здравствениот сектор и го зголемува товарот на болеста на локалните заедници.
• Пристапите за управување со животната средина за здравје треба да бидат инкорпорирани во стратегиите за интегрирано управување со водените ресурси. 

ДАЛИ ЗНАЕТЕ?

• Дека во Македонија во 2005 год. од вкупно 598 примероци вода за пиење 202 биле неисправни (33,8%) и тоа :
• 41% заради бактериолошка неисправност
• 11,7% заради физичко-хемиска неисправност
• Анализирани се 34 примероци на природна минерална вода (непакувана, во фаза на испитување на безбедност). Од нив 22 биле неисправни и тоа заради:
• 73,3% заради физичко-хемиска неисправност
• 40,9% заради бактериолошка 
• 53,8 заради радиолошка неисправност
• Морталитетот од дијареални болести кај деца под 5 годишна возраст во РМ изнесува 100,6/100.000 во 1992 година, а 16,4/100.000 во 2000 година. Мт е 4 пати повисок од просекот во ЦИЕ, а 30 пати повисок од земјите на ЕУ. Најновата проценка на СЗО е дека морталитетот од дијареалните заболувања кои се припишуваат на недоволното и неправилно снабдување со вода, санитација и хигиена е причина за 13.500 смртни случаи на деца годишно, кои главно се во групата на земји од EUR-B субрегион.
EUR-B: Албанија,Ерменија, БиХ, Бугарија, Полска, Романија, Србија и Црнагора, Македонија, Турција, Узбекистан...
• EUR-A: Андора, Австрија, Белгија, Хрватска, Р.Чешка, Данска, Финска, Израел, Италија ..
• EUR-C: Белорусија, Естонија, Унгарија, Литванија, Русија, Украина …

Заклучок
Обединетите нации ја објавија 2005-2015 година за “Вода за живот” како меѓународна деценија за акција и воспостави светска агенда со поголем фокус на нештата поврзани со водата.

,,Не би требало да ја победиме сидата, туберкулозата, маларијата, или било која друга заразна болест што го напаѓа светот во развој, сe додека исто така не ја добиеме битката за безбедна вода за пиење, санитација и основна здравствена заштита.”
Кофи Анан, Генерален секретар на ОН

Правото за вода на човекот му дава право на секого на доволни, безбедни, прифатливи, физички достапни и дозволиви води за лична и домашна употреба.”
Општ коментар бр.15 (2002): Право за вода